Оригинална германска двојка го окупира интернетот

„Животот почнува во третата доба“ е мотото на средовечната германска двојка од Берлин, Брит Канја и Гинтер Крабенхофт. Тие го привлекуваат вниманието на јавноста со својата оригинална смисла за мода. Со својот имиџ пленат каде и да се појават.
Наспроти тоа што веќе одамна се во зрели години и двајцата водат мошне активен живот. Тие не само што се дел од сите културни и јавни случувања туку апсолутно немаат конкуренција кога станува збор за модниот стил.
Напротив, каде и да одат, тие се во центарот на вниманието и секогаш се истакнуваат со својот беспрекорен изглед.
Брит и Гинтер имаат извонреден вкус и важат за двојка што никогаш нема да излезе од мода и која со причина ги одушевува модните сладокусци.