Фото: Иван Јосимовски

И Скопје се најде меѓу поголемите градови во регионот, каде групата „Дивље јагоде“ го промовираше својот нов 12-ти по ред албум, насловен „Jukebox“, што го издаде „Кроација рекордс“. Токму со него бендот одбележува 40 години успешна кариера.

– За новиот албум „Jukebox“ Зеле Липовача вели дека е мало чудо. Според него овој носач на звук е симбол на нивните почетоци, минливоста на времето, но и порака дека никогаш нема да ги заборават своите стари хитови и членови кои минале низ бендот. Па така, на овој носач на звук „Дивље јагоде“ им беа домаќини на поранешните членови: Тони Јанковиќ, Младен Војичиќ Тифа, Санин Кариќ, Жанил Татај Жак, Ненад Бориќ и Един Шеховиќ Шеха. Инаку, претходните албуми на „Дивље јагоде“ се продадени во тираж од над четири милиони примероци, што навистина е за почит – рече отворајќи ја промоцијата Иван Бечковиќ, претсавникот на „Кроација рекордс“ во Македонија.
Заблагодарувајќи им се на присутните, кои дојдоа денеска во новоотворениот „Авалон музик енд тикет стор“ во ГТЦ да бидат дел од овој настан, Зеле рече дека „Дивље јагоде“ се една необична приказна.

– На нашите 12 досега снимени албуми има многу песни, но тоа не е важно за јубилејот, суштината на постоењтео на бендот „Дивње јагоде“ е тоа што некои од тие песни оставија траги и сѐ уште се дел од нечии животи, будат емоции и по толку години. Ете тоа нѐ прави успешни и тоа е знак дека нашиот брод може да плови понатаму. Инаку, многу нешта се случија овие 40 години и низ бендот поминаа многу музичари и секој остави свој белег. Но, да не се нашите клучни песни, ние денес не би биле тука и не би се собрале на оваа промоција. „Дивље јагоде“ се безвременските песни, кои пак ги обединува звукот на мојата гитара – рече Зеле Липовача на промоцијата.
Тој дополни дека можеби долготрајноста на бендот, кој денес звучи подбро од кога било, осовен на талентот и љубовта кон музиката е резултат и на неговата упорност, која понекогаш се граничи и со тврдоглавост.

– Заедно со мене за жал не додје целиот бенд, но го донесов младиот клавиајтурист Дамјан Деуриќ, кој навистина е голем талент и вистински волшебник на својот инструмент – го претстави Зеле, младиот пијанист, кој исто така присуствуваше на скопската рпомоција. Во групата членуваат и: Ливио Берак, вокал, гитара, Деамјан Миленковиќ, вокал, бас гитара и Емил Кранчиќ, тапани.

На крајот Липовача рече дека секогаш со задовлство доаѓа во Скопје.

– Ја сакам Македонија и знам дека тука имаме верна публика и затоа одлучивме и во Скопје да направиме промоција на новиот албум. Се разбира некаде кон крајот на пролетта или летоска ќе дојдеме и концертно да го претставиме албумот „Jukebox“во Скопје – најави Зеле Липовача.

М.Т.