„Ролс-Ројс“ го претстави новиот најскап автомобил на светот, „боут теил“, чија цена достигна дури 20 милиони фунти. Автомобилот е специфичен по многу нешта, но она што го прави посебен е специјално дизајнираниот заден дел, кој лесно може да се претвори во вистински сет за пикник со разладен шампањ, а исто така содржи и додаток во кој можете да вметнете чадор.
Персонализираниот „боут теил“ е првата од трите ексклузивни високоперсонализирани наутички лимузини, специјално дизајниран и наменет за богата двојка што сака да ужива во животот, што сака патувања, автомобили, часовници и скапи шампањи и што може да го претвори својот автомобил во вистинско место за романтична вечера во секое време.
Дополнет е со ротирачка коктел-маса со соодветни столчиња. Сè што има во автомобилот е персонализирано до тој степен, така што на таблата има посебен дел за неговиот и за нејзиниот рачен часовник.
Се шпекулира дека сопственикот е американски рапер.
Од оваа британска автомобилска компанија велат дека персонализацијата до последниот детаљ на овој автомобил траела цели четири години, а неговата цена е толку висока бидејќи е дизајниран од нула.
Не само што ова е најскапиот автомобил во светот туку е и првиот што има вградена ротирачка маса и чадор. Долг е 5,8 метри, четириседот со две врати станува кабриолет со само едно притискање на копче.
Идејата, велат производителите, е сопствениците да можат да ја возат од својот дом, дождливата Британија, до сончевите улици на јужна Франција или Монако.