Рајан Рејнолдс, роден на 23 роден на 1976 година, е канадски актер. Тој стана познат по својата улога во ситкомот „Две момчиња и девојка“ и оттогаш перманентно гради кариера во Холивуд, играјќи во драми, комедии, научна фантастика, мистерии, крими-филмови

1. Дедпул (2016)/Дедпул (2018)
Жанр: акција, авантура, научна фантастика
Режија: Тим Милер / Дејвид Леич
Актери: Рајан Рејнолдс, Морена Бакарин, Т.Џ. Милер / Рајан Рејнолдс, Џош Бролин, Морена Бакарин
Кратка содржина: заснован на Марвеловиот антихерој, филмот „Дедпул“ ни раскажува за поранешен оперативец на Специјалните единици што станал платеник.

2. Жив закопан (2010)
Жанр: драма, мистерија, трилер
Режија: Родрико Кортес
Актери: Рајан Рејнолдс
Кратка содржина: Американецот Пол работи во Ирак. По ирачки напади, Пол се буди во ковчег жив закопан. Со себе има запалка и мобилен. Времето за спас е многу кратко.

3. Живот (2017)
Жанр: хорор, научна фантастика, трилер
Режија: Даниел Еспиноса
Актери: Џејк Гиленхал, Ребека Фергусон, Рајан Рејнолдс
Кратка содржина: приказната за научнофантастичниот трилер се врти околу шестчлен екипаж на Меѓународната вселенска станица, кој се наоѓа на работ од едно од најважните откритија во историјата на цивилизацијата: првиот доказ за животот на Марс.

4. Дефинитивно, можеби (2008)
Жанр: комедија, драма, романтика
Режија: Адам Брукс
Актери: Рајан Рејнолдс, Рејчел Вајс, Абигејл Бреслин
Кратка содржина: Вил ќе одлучи да ѝ раскаже на својата ќерка како ја запознал нејзината мајка и решава да се обиде да го врати времето и да ги исправи грешките. Открива дека никогаш не е доцна доколку нешто се сака.

5. Безбедна куќа (2012)
Жанр: акција, авантура, крими
Режија: Даниел Еспиноса
Актери: Дензел Вашингтон, Рајан Рејнолдс, Роберт Патрик
Кратка содржина: Вашингтон го игра најопасниот лик на ЦИА, кој се враќа по една деценија помината во бегство и е приведен во безбедносна куќа во Јужна Африка. По кратко време откако е уапсен, безбедносната куќа станува цел на напаѓачки напад од платеници.

6. Земја на авантури (2009)
Жанр: комедија, драма, романтика
Режија: Грег Мотола
Актери: Џеси Ајзенберг, Кристен Стјуарт, Рајан Рејнолдс
Кратка содржина: летото во 1987 година, дипломец на колеџ прифаќа обична работа во локалниот забавен парк и набргу сфаќа дека тоа е совршен подготвителен курс за него за вистинскиот свет.

7. Жената во злато (2015)
Жанр: биографија, драма, историја
Режија: Симон Куртис
Актери: Хелен Мирен, Рајан Рејнолдс,
Кратка содржина: филм за уметноста како симбол на културниот идентитет на режисерот Сајмон Куртис, кој испреплетува вистинска животна приказна со теророт на нацистите. Кога осумдесетгодишната Еврејка Марија Алтман дознава дека славниот портрет на Густав Климт треба да биде во нејзина сопственост, таа започнува борба за она што ѝ припаѓа.

8. Чувај ми го грбот (2017)
Жанр: акција, комедија, трилер
Режија: Патрик Хјуз
Актери: Рајан Рејнолдс, Семуел Л. Џексон
Кратка содржина: најдобриот телохранител во светот добива нов клиент, платен убиец што мора да сведочи на Меѓународниот суд на правдата. Тие мора да ги решат несогласувањата и да работат заедно доколку сакаат навреме да пристигнат на судењето.

9. Запросување (2009)
Жанр: комедија, драма, романтика
Режија: Ен Флечер
Актери: Сандра Булок, Рајан Рејнолдс
Кратка содржина: Маргарет е немилосрдна извршна уредничка во една издавачка куќа, која се соочува со можноста да биде депортирана во родната Канада. Таа мора да најде начин за да остане во САД, па решава да се омажи со некого, со кого било, само за да добие виза за постојан престој.

10. Смокин ацес (2006)
Жанр: акција, крими, драма
Режија: Џо Карнахан
Актери: Џереми Пивен, Рајан Рејнолдс, Реј Лиота
Кратка содржина: Рајан e агент на ФБИ, заедно со Реј Лиота во криминалниот филм. Кога стендап-комичарот од Лас Вегас Бади (Пивен) ќе реши да ги признае своите злодела, животот значително ќе му се искомплицира.