Ејч-би-о ќе ги почести обожавателите на Тина Тарнер со документарен филм за животот на пејачката. Филмот се вика едноставно „Тина“, а ќе понуди интимен поглед во животот и кариерата на познатата ѕвезда. Премиерата е закажана за 27 март на Ејч-би-о.
Филмот содржи интервјуа со пејачката снимени во нејзиниот дом во Швајцарија, ретки архивски снимки, стари повеќе од 60 години, а меѓу другите што ќе зборуваат за Тина се и Ангела Басет, Опра Винфри, Катори Хол и нејзиниот сопруг Ервин Вах. Покрај блескавите моменти во кариерата, документарниот филм ќе го опфати и насилството што е вршено врз пејачката од страна на нејзиниот поранешен сопруг Ајк Тарнер.
Инаку, ова не е прв филм наменет за Тина Тарнер. Нејзиниот живот еднаш бил прикажан во 1993 година, во биографскиот филм според нејзин познатиот хит „What’s Love Got To Do With it“.Филмот го режираа оскаровците Дан Линдзи и Т.J. Мартин
Неодамна легендарната пејачка беше номинирана за класата 2021 на „Рокенрол-холот на славните“.