Во новата кампања на модната дизајнерка Вивиен Вествуд, 49-годишната Наоми Кембел, не носи ништо освен шешир и изгледа спектакуларно. Иако дизајнерката и манекенката соработуваат повеќе од 30 години, ова е првпат Наоми да биде ѕвезда на кампањата на Вествуд. Кога ќе помислите на нив две, веројатно прво што ќе ви падне на ум е моментот кога една од најуспешните манекенки се сопна на модната ревија во далечната 1993 година додека ги носеше чевлите со потпис на Вествуд. Години подоцна манекенката и дизајнерката ги здружуваат силите во последната генијална кампања за пролет/лето 2020 г., а како што пишуваат медиумите, британската креативка инспирацијата ја пронашла во митологијата.

Најмногу внимание предизвика фотографијата на која Наоми е гола, а носи само раскошен шешир од тул, панделка околу вратот и вртоглаво високи кафени штикли. Фотографиите настанале во 18-от париски округ, а Наоми позира пред ѕид осветлена со неонско светло. Автор на фотографите е модниот фотограф Јурген Телер.