Популарната опера „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини ќе се изведе во салонот на Националната опера и балет на 11 февруари со почеток во 20 часот.

Диригент е Ѓурѓица Дашиќ, режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), асистент-режисер е Љупка Јакимовска, сценографијата е на Марија Ветероска, костимограф е Марија Пупучевска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Маријан Јованоски, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Кристијан Колија (Италија), Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Сиљановски, Берта: Злата Тошевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Саша Смилевски.

Билетите се веќе во продажба на билетарницата на Националната опера и балет , како и онлајн на www.operabalet.mk.