По три одложувања, ракетата „Аријана 5“ денеска полета од Куру во Француска Гвајана, носејќи три сателити за операторите „Интелсат“ и „Б-САТ“, објави веб-страницата „Аријанспејс“.

Европското летало беше лансирано четири минути по полноќ по средноевропско време Мисијата требаше да трае околу 48 минути, од полетувањето до одвојувањето на сателитите.

Полетувањето, првично закажано за 28 јули, за прв пат беше одложено со цел да се извршат дополнителни технички проверки, а потоа повторно заради невообичаено однесување на сондата во резервоарот со течен водород во главната криотехничка фаза. Третото одложување во четвртокот беше поврзано со силните ветрови во горната атмосфера.

Ова е прво лансирање на „Арианеспејс“ од затворањето на европскиот вселенски космодром, кое го прогласи Националниот центар за истражување на вселената (ЦНЕС) кон средината на март, поради ковид-19.

Ариана 5 носи со себе два телекомуникациски сателити (Галакси 30 и БСАТ-4б) за операторите Интелсат и Б-САТ и сателитско одржување (МЕВ-2) што ќе се поврзе со друг уред кој е веќе во орбитата.