Јапонска вселенска капсула со собрани материјали од стариот астероид Рјугу, испуштена од јапонското вселенско летало „Хајабуса-2“ успешно слетала во ненаселена територија на Австралија. Од собраните материјали според очекувањата на научниците ќе фрлат нова светлина врз создавањето на Сончевиот систем и потеклото на животот на Земјата.

Припадници на јапонската вселенска агенција ЈАХА без тешкотии ја пронашле капсулата само два часа откако таа влегла во атмосферата на Земјата и слетала во австралиска пустина.

Мисијата вредна 238 милиони евра почна во декември 2014, кога „Хајабуса-2“ беше лансирана од јапонскиот вселенски центар Танегашима во југозападна Јапонија. Леталото првпат се спушти на 4,6 милијарди години стариот астероид Рјугу во февруари минатата година, кога тој бил оддалечен 300 милиони километри од Земјата. Второто спуштање се случило по пет месеци, кога биле собрани материјали од неговата внатрешност.