Кон крајот на 18 век и почетокот на 19 век, салатата „Македонија“ стана општо позната и ги освои гурманите во Европа. Постојат две искажувања за тоа како настанува името на оваа салата. Според првото, нејзиното име укажува на различното потекло на луѓето во македонската империја на Александар Велики, а според второто се однесува на наводната етничка разновидност на Македонија во 19 век, која е резултат на активностите на странските пропаганди. Салатата „Македонија“ може да се состои од мали парчиња зеленчук или овошје. Овошната варијанта се состои од овошни плодови и е вообичаен десерт во Грција, Романија, Шпанија, Италија и во Аргентина. Втората варијанта е мешавина на зеленчук и понекогаш се меша со мајонез, со што е слична на руската салата.