Кралицата Елизабета Втора требаше да присуствува на годишната служба по повод прославата на Денот на Комонвелтот на 8 март, но таа е откажана за првпат по скоро половина век, поради пандемијата, објави опатијата на Вестминстер.

Наместо тоа, кралицата ќе ја сподели својата годишна порака 24 часа порано, преку претходно снимен говор во замокот Виндзор, што ќе се емитува на „Би-би-си“ в недела, на 7 март, пренесуваат светските медиуми. Кралицата ќе биде во придружба принцот Чарлс и Камила Паркер, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, како и други членови на кралското семејство.

Истиот ден, неколку часа подоцна, на телевизијата „Си-би-ес“ ќе се емитува долгоочекуваното интервју што Меган и Хари и го дадоа на славната водителка на Опра Винфри.