Тим од израелски научници тврди дека лекот за рак ќе биде достапен идната година, објави весникот „Ерусалим пост“. Новиот третман го развива „Аселерејтед Еволушн Биотехнолоџис“ под водство од доктор Илан Морад.

– Веруваме дека до крајот на годината ќе биде направен третман за рак и тој ќе биде достапен од почетокот на идната година. Нашиот третман ќе биде ефективен, со времетраење од неколку недели и ќе биде без, или со малку несакани ефекти, а ќе има пониска цена од останатите третмани кои се достапни на пазарот – вели Дан Аридон, претседател на одборот на компанијата.

Овој третман, наречен „МуТаТо“, ќе користи комбинација од пептиди кои ќе го таргетираат ракот и токсин кој ќе ги убива заболените клетки.

– Третманот ќе биде персонализиран за потребите на пациентите зависно од тоа за каков вид рак станува збор – изјави Морад за весникот.