Здружението на жени „Дојрана” вечер е домаќин и организатор на традиционалната 15-та манифестација „Дојранска софра” на која домаќинките од Дојран ги презентираат јадењата карактеритични за ова поднебје.

На „Дојранската софра”, според најавата од организаторот, ќе бидат застапени познатите специјалитети риба на трска, пржен крап, ќофте од икра, домашни сукани пити, зелници и препознатливи десерти за Дојран како што е раванијата.
Домаќинките од „Дојрана” упатија јавна покана сите заинтересирани за дегустација на познатите дојрански специјалитети да дојдат вечер во 20 часот во хотелот „Истатов” во Нов Дојран.