Археолози од Америка и Египет веруваат дека ја пронашле најстарата пиварница на светот. Мостафа Вазири, генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети во Египет, изјавил дека древната пиварница е пронајдена на еден од најпознатите археолошки локалитети во Египет, Абидос, лоциран во пустината западно од реката Нил.

– Пиварницата датира од времето на кралот Нармер, кој го обединил древниот Египет на почетокот на периодот на Првата Династија (3150-2613 година пред нашата ера). Археолозите пронашле осум огромни единици, секоја од нивдолга 20 метри и широка 2,5 метри. Секоја единица се состои од 40-ина керамички садови поставени во два реда, кои биле користени за загревање на мешавината од зрна и вода за да се добие пиво – објаснува Вазири за медиумите.

Според Метју Адамс од њујоршкиот Институт за ликовни уметности, кој ја предводи заедничката мисија, истакна дека „фабриката очигледно била изградена во оваа област за да обезбеди кралски ритуали со пиво, имајќи предвид дека археолозите пронашле докази оти пивото се користело во ритуали на жртвување во древниот Египет“.