Компанијата „Амазон“ го промени главното лого на апликацијата за купување, по реакциите на купувачите на кои последниот редизајн им личеше на Адолф Хитлер.
Иконата на апликацијата беше објавена во јануари, а на неа дел од сина лента беше поставен веднаш над препознатливото „насмеано“ лого на компанијата.
Меѓутоа, имало и такви што лентата ги потсетувала на мустаќите што ги имал нацистичкиот лидер Хитлер.
По реакциите на купувачите, технолошкиот гигант го смени дизајнот, поместувајќи го средниот свиткан дел од сината лента настрана.
Од компанијата велат дека првобитната верзија била објавена во неколку земји пред да се изврши промената, пренесува „Би-би-си“.