Научниците тврдат дека откриле три вида ајкули што живеат во водите на Нов Зеланд и што произведуваат светлина во темнина.
Ајкулите се пронајдени на дното во океанот источно од Нов Зеланд, а една од нив може да порасне и до 180 сантиметри. Станува збор за веќе познати видови, но феноменот на биолуминисценција првпат е потврден во нивниот случај.
Многу морски животни, како и некои инсекти, произведуваат своја светлина, но ова е првпат феноменот да се утврди кај големи ајкули.
Научниците велат дека осветлениот стомак на ајкулите им го овозможуваат илјадници фотофори, клетки што произведуваат светлина во кожата.
Споменатите ајкули живеат во „зоната на самракот“, односно на длабочина помеѓу 200 и 1.000 метри.