Што да правиме со косата пред спиење?

Дали некогаш сте размислувале дека треба и косата да ја подготвите за спиење и како всушност изгледа правилната нега на косата пред спиење?
Миење на косата: пред да си легнеме, треба да уживаме во времето што си го посветуваме. Токму затоа, вклучете ја вашата музика и уживајте во миењето на косата. Не брзајте и темелно масирајте го вашиот скалп. Истражувањата покажаа дека масажата на скалпот или на лицето ослободува хормони што го подобруваат расположението.
Дали треба да одите во кревет со влажна или сува коса?
Најдобро би било да не легнувате со влажна, туку со целосно сува коса. Ако легнете со влажна коса, ќе се создаде многу влажна средина, што може да предизвика бурни реакции на вашиот скалп. Спиењето со сува коса е секогаш најдобриот избор.
Дали треба да ја врзете косата прекуноќ?
Многу е подобро да ја врзете косата пред спиење, особено ако имате долга коса. На тој начин нема да се заплетка во текот на ноќта и нема да се скрши во моментот кога ќе се обидете да ја одврзете. Идеален начин да се грижите за косата додека спиете е да носите свилен турбан. Можеби не е за секого, но одлично ја штити косата од сушење и оштетување. Свилата е многу лесна ткаенина, така што вашиот скалп и коса сè уште можат да дишат. Дури и ако носите свилен турбан само две-три ноќи неделно, ќе ја забележите разликата.