Јапонката Наби Таџима, најстариот жител на планетата, почина на 117 години во болница на островот Кикај.
Властите од префектурата Кагошима соопштија дека таа починала во 20 часот по локално време од природна смрт.
Таџима живееше во Дом за стари лица, а во јануари поради општа изнемоштеност беше примена во болница.
Таа во септември 2015 година стана најстариот човек во Јапонија. По смртта на 117-годишната жителка на Јамајка, Вајолет Брауб, во септември 2017 година Таџима беше прогласена за најстариот човек во светот.