Клајд Ламб – карикатуристот затвореник

Клајд Ламб беше истакнат американски уметник и карикатурист, чии стрипови и цртежи беа објавувани во водечките американските списанија од 40-тите и 50-тите години на 20 век.
Во 1932 година, на 19-годишна возраст, во Мемфис бил осуден за оружен грабеж и му била изречена петгодишна казна. Неколку месеци подоцна избегал од затворот и се засолнил во Хамонд, Индијана. Тука започнал да се занимава како самоук сликар и се оженил. Десет дена по склучувањето на бракот, повторно бил уапсен за оружен грабеж и осуден на дваесет и пет години затвор во Државниот затвор во Индијана.
Во текот на 40-тите години на 20 век, Ламб започнал да црта додека бил во затвор и бил под менторство на директорот на затворските занаети. Најпрво Клајд Ламб насликал маслени пејзажи на неговата сакана Монтана и автопортрет, а потоа започнал да црта стрипови. Директорот на затворската уметност и занаетчиство го повикал да ги продаде своите цртани филмови. Додека Клајд беше во затвор, тој успешно ги пласираше своите цртежи „Колиерс“, „Американскиот магазин“ и други магазини. Додека ја издржувал затворската казна, заработил 11. 000 долари од своите цртежи.
Неговиот успех и околниот публицитет доведоа до негово ослободување од затвор. Доби ново судење и му беше изрече условна казна од десет години. Тој сè уште беше баран во Тенеси како избегал осуденик, но гувернерот на оваа американска сојузна држава му овозможил условно ослободување.


Бафтед – водоземец од карбониферскиот период

Бафтед е група примитивни тетраподи од карбониферскиот период. Тој е еден од првите водоземци фосили што ѝ станаа познати на науката, а првпат беше опишан од В. Досон во 1850 година. Во науката е познат само според откриените фосилни черепи. Најчесто овие черепи имаат коскена структура што личи на примитивните даркспондили.


Замокот „Борели“

Замокот „Борели“ се наоѓа во јужниот дел на Франција, изграден е во седумнаесеттиот век од страна на Луис Борели (1692-1768), богат трговец од Марсеј. Во деветнаесеттиот век замокот му беше дониран на градот Марсеј. Неколку децении во него беше сместен археолошкиот музеј.


Град дух

Градот дух е напуштено населено место што може да биде град и село, најчесто содржи голем број зачувани објекти и инфраструктура, како што се патиштата. Споменатото населено место станува град на духови поради опаѓање и промена на економската состојба, природни катастрофи, беззаконие, војна, загадување или нуклеарна катастрофа, поради кои жителите морале да ги напуштат своите домови.
Најпознати градови духови се Банак во Соединетите Американски Држави, Баркервил во Канада, Крако во Италија, Агдам во Азербејџан, Колманскоп во Намибија, Припјат во Украина и др. Градот Плимут на карипскиот остров Монесетар де јуре е главен град, меѓутоа поради вулканските активности се трансформира во град дух.