Бред Пит имал само 325 дилари кога пристигнал во Лос Анџелес со цел да успее во Холивуд. Кантри пејачката Мелиса Етериџ верувала во него и му помогнала, пишува „Мирор“.
Бред Пит не бил секогаш холивудска ѕвезда. Имало периоди кога тој немал доволно пари за да преживее кога вистинската помош му ја пружила кантри пејачката Мелиса Етериџ.
Пит, кој сега има 56 години, пристигнал во Лос Анџелес сонувајќи да стане успешен и познат во Холивуд, но само со 325 долари.
Без место за живеење, Бред Пит имал среќа да го прим Етериџ, која верувала во неговиот потенцијал како актер. Таа му дозволила на Пит да спие на нејзината кауч, така што не бил принуден и малкуте пари што ги имал да ги троши за место каде само би преспал.
Тој секогаш бил благодарен за помошта и љубезноста што му ја пружила Етериџ пред да стане успешен. Згора, добитничката на наградата „греми“ го научила Пит како се лови риба, со што му овозможила да добие една од улогите по кои станал познат.
Во 1992 година, Пит бил на аудиција за главната улога во филмот на Роберт Редфорд „Река на спомени“. Гостувајќи во радио шоу во 2011 година, Етериџ откри дека му помогнала на Пит за таа аудиција.
– Тој имаше аудиција за филмот „Река на спомени“. Поради аудицијата тој дојде кај мене затоа што имав базен и во него го научив како да лови риба – кажала Етериџ.
Пит ја добил улогата, а останатото е историја, бидејќи тој сега е во фаза кога аудиците се само минато, а улогите кои сега ги толкува се пишуваат за него.