Пет кратки филма на режисерот Игор Иванов-Изи ќе бидат прикажани вечер од 20 часот во „Кафе и филм Котур“, со бесплатен влез за посетителите.

Ќе бидат прикажани „Ќебето на Ацо Шопов“ од 1996, „Часовникот“ од 1997, „Бубачки“ од 2003, „Верувам во љубовта“ од 2013 и „Љубовникот“ од 2018 година.
На проекцијата ќе присуствува и режисерот Иванов кому публиката ќе има можност да му поставува прашања.