Фото: Константин Плевнеш

Во познатата париска книжарница Прозорец на писателите (Lucarne des ecrivains) синоќа беше промовирана поетската книга „Францускиот сон – Сонот на Фанон” од Константин Плевнеш, издадена од издавачката куќа Мерл Мокер.
Пред бројната публика на личности од книжевниот и интелектуалниот свет книгата ја престави францускиот поет со интернационално реноме Франсис Комб, кој истакна дека Константин Плевнеш гради една исклучително силна поетска биографија на еден од најголемите револуционери во светската историја Франц Фанон (1925-1961) кој иако умира на само 36 години во болницата Бетесда во Вашингтон неговото дело останува како духовен монумент на сите идеалисти од сите меридијани.

Фото: Константин Плевнеш

Пророштвото на Жан-Пол Сартр дека Фанон ќе живее и по својата смрт како симбол на слободата на сите сонувачи од меридијаните дека утре ќе живеат во подобар свет, се оствари како идеја, но не како стварност. Стварноста е жестока, но поезијата и уметноста се бесмртни.
Катастрофата на светот во кој денес живееме, рече Комб, во книгата на Константин Плевнеш се претвора во поезија-крик која покажува дека ништо не може да ја уништи духовната светлина на хуманизмот за кој Фанон сонуваше со жестоката критика на тие што тогаш и денес владеат со светот и човештвото.

Фото: Константин Плевнеш

Пред публиката која пројави голем интерес за ова дело, поетот Плевнеш прочита неколку песни кои беа наградени со долги аплаузи, истакнувајќи дека веке 7 години од својот творечки живот ги посветил на овој „Ангел на никогаш незавршената светска револуција.”