Жирито за доделување на наградата „Роман на годината“ на фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставничка на фондацијата), констатира дека годинава во конкуренција се пријавиле 39 романи.
„Сантос блуз“ на Ненад Алексовски, „Опасна игра“ на Мери Арсова, „Вистинска илузија во лажен свет“ на Ангела Бош, „Искра во мракот“ на Е.Н. Веровска, „Се викам Лена“ на Јагода Глигоровска, „Отпадот од духовните контејнери“ на Јован Дамјановски, „Еден сив мартовски ден“ на Тања Урошевиќ, „Убиствата на пеперутката“ на Теодора Ристеска Даскаловски, „Тегли“ на Јордан Коцевски, „Анатомија на бумбарот“ на Стефан Марковски, „Ловци на лажни вести од зграда 39“ на Огнен Неделковски, „Вресок за избор“ на Јадранка Павлек, „Велиново“ на Димче Парталоски, „Старчето“ на Ѓорѓи Прчков, „Трамонтана“ на Наташа Сарџоска, „Лебед“ на Ана Стојаноска… се само дел од романите.
Комисијата е должна да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март оваа година. Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.