Фестивал на медитерански и балкански
филм „Преку езерото“
Во рамките на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ во Дојран, кој се одржува на неколку локации, Амфитеатарот, Градскиот парк и Музејот на град Дојран, на вториот ден на програмата се неколку филма. Во рамките на студентската програма денеска, во 11 часот, ќе се одржи средба на студенти на конкурсот за финансиска поддршка на дипломски филмови. Вечерта е во чест на актерот Владо Јовановски. Во 20 часот ќе биде прикажан видеоомаж од филмови во кои игра Јовановски, а предвиден е и разговор на актерот со публиката. Ќе биде прикажан и филмот „Татко“ во режија на Светозар Ристовски.
Утре, во 20 часот, ќе му биде доделена наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот на актерот Владо Јовановски. На свеченото отворање на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Спроти брановите“ во натпреварувачката програма. Потоа на програмата се „Параноик“ на Андреј Георгиев (Македонија, 2024, 9 мин.), „Руски конзул“ на Мирослав Лекиќ од Србија и „И покрај тоа што е нож“ на Гилермо Гарсија Лопез од Франција.
В сабота, од 20 часот, публиката ќе ги види „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески од Македонија, 2023, „Сребрен бунт“ на Дан Шадур од Израел и „Волкот и мечката“ на Жан-Себастијан Бернар од Франција. Од 22.30 часот на програмата се „Тишина 6-9“ на Христос Пасалис од Грција, „Човекот што не можеше да молчи“ на Небојша Слијепчевиќ од Хрватска и „Блада“ на Кристофер Нилсон од Франција.
В недела ќе бидат прикажани „Ѕвездена“ на Александра Лазаровски од Србија и „Хотел Пула“ на Андреј Коровљев од Хрватска. Потоа ќе следува свечено затворање на фестивалот и доделување на фестивалските награди, како и на грантовите за дипломски студентски филмови. Во 22.30 часот ќе следуваат проекции на „Подрум“ на Омер Ферхат Озмен од Турција, „Лошо на момент“ на Даниел Соарес од Португалија и „Заразени“ на Себастијан Ваничек од Франција.