Вечерва во Битола официјално ќе биде отворен „Битола Шекспир фестивал“, што годинава се одржува под мотото „Судбината за играчка не има“.
Фестивалот, кој е посветен на англискиот автор Вилијам Шекспир ќе биде отворен со претставата „Макбет“, компилациски проект на повеќе театри, а во режија на Никита Миливојевиќ.
Годинашниот „Битола Шекспир фестивал“ ќе се одвива во два дела, од 23 до 29 јуни.
На програмата на фестивалот ќе бидат прикажани два документарни филмови, „Во чест на великанот Шекпир“ на конзулката на Велика Британија Лилјана Спировска, „Леди Макбет“ на Танцов театар Скопје, „Шекпир караоке реквием“ испит по авторска игра од класата на Дејан Пројковски, Универзитет Еуропа Прима и за затворање
концерт на Мариа Жуао и „Електрик квартет“ од Португалија.
Според директорот на Битолскиот театар, Иван Јерчиќ, вториот дел од фестивалот ќе се одржи во месец октомври, кога ќе бидат изведени претставите „Хамлет“ во режија на Бранко Брезовец, а во продукција на театарот „Војдан Черондрински“- Прилеп и претставата „Денот на убиствата во историјата на Хамлет“, во режија на Марјан Неќак,
продукција на НУ Народен театар-Битола.
Програмата на 9. издание на „Битола Шекспир фестивал“ ќе биде изведена на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“, новата сцена на НТБ и во малата сала на НУ Центар за култура-Битола. М.М.
Во Хераклеја вечерва со „Вива Верди“ стартува „Бит фест 2023“
Вечерва во античкиот локалитет Хераклеја со спектакуларен настан, наречен „Вива Верди” ќе биде отворено годинашното културно лето „Бит Фест 2023“.
На свеченото отворање, на кое ќе настапи Камерниот оркестар на Битола ќе се изведуваат дел од најпопуларните опери на Џузепе Верди како Травијата, Аида, Моќ на
судбината, Набуко, Риголето и други.
Како солисти на концертот ќе се претстават: Горан Начевски, Наде Талевска, Кристијан Антовски, Марија Наумовска, Нико Ѓоргиевски и прекрасниот сопран – Зана Абази Рамадани во придружба на Камерниот оркестар на Битола, хор и оперски солисти предводени од диригентот Владимир Димовски.
Влезниците за концертот се пуштени во продажба на билетарницата на Центар за култура – Битола, по цена од 300 денари.