фото: Пиксабеј

Третото издание на „Поетска епизода“ ќе се одржи в среда (28.12.2022) во 20:30 часот, како дел од програмата „50 години МКЦ“.

Ана Стојаноска, Калиа Димитрова, Дамјан Златановски, Љубица Шопова и Биљана Стојановска во последната епизода за годинава ќе читаат поезија посветена на почетоците, краевите и промените, како карактеристични поими што ја одбележаа и 2022 година.

Настанот ќе го модерираат младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Ивана Јовановска, со поддршка од МКЦ Скопје.

„Поетска епизода“ е нов концепт на поетски средби, во обид да се збогати културната содржина на градот и да се чита убава поезија. Секој настан има флуиден карактер и поинаква тема. Целта на настанот е поетите активно да пишуваат и да се охрабрат погласно и посмело да читаат, а кај публиката да се зголеми интересот за читање (и пишување) поезија.