Фото: Принтскрин

Со врачување на наградите и дипломите за најдобрите дела, денеска заврши 41. издание на меѓународната детска ликовна колнија „Мал битолски Монмартр“, каде во изминатите 7 дена од младите ликовни уметници беа создадени над 200 ликовни творби, кои сликаа на тема „Старата битолска архитектура“.

-Во изминатите седум дена, во Битола, Охрид и битолското населено место Буково, 60 деца од 14 европски држави ја сликаа старата архитектура и други мотиви од ова поднебје и изработија 200 слики – истакна Елена Хаџи Антоновска, организатор на меѓународната ликовна колонија во Битола.
М.М.