Филмот „Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска ја освои наградата „Фипресци“ на 66. Филмски фестивал во Полска.
Станува збор за признание што го доделува Меѓународната федерација на филмски критичари, една од најрелевантните професионални организации во областа на филмската критика. Наградата има особена тежина бидејќи доаѓа од меѓународната критичка јавност и претставува признание за авторската вредност, филмскиот јазик и уметничката сила на делото.
Со ова признание, „Силјан“ продолжува да ги надградува својот меѓународен успех и силниот фестивалски одек што филмот го остварува на светската сцена.
Наградата на „Краков филм фестивал“ е уште една важна потврда за позицијата на Тамара Котевска како еден од најпрепознатливите современи авторски гласови од Македонија, но и за присуството на македонскиот документарен филм во меѓународниот филмски контекст.

































