Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски и филмска поезија од Дејан Трајкоски, вечерва од 20 часот во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи првата изведба на проектот „РеобмислувањеII: филм,музика и поезија“.
Интердисциплинарниот проект во развој подразбира фузија на поезија, филм и музика. Се работи за песни инспирирани од сцени од повеќе филмови. Поезијата од Трајкоски ќе биде изведувана од Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, инспирирана од оригиналните филмски композиции.

– Идејата на проектот е реобмислување на едно уметничко дело и создавање ново, во сосема поинаква форма од оригиналното.  Настанот ќе може да се проследи и во живо преку стрим. Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура, и Домовите на култура во Прилеп и Демих Хисар – вели Сребра Ѓорѓиевска, ПР на проектот.

Ка.М.