Промоцијата на книгата со фотографии „Џезтетика“ од Татјана Ранташа е закажана за денеска, во 13 часот, на платото пред МКЦ. Предвидено е да се одржи матине-промоцијата на првата книга со фотографии на Татјана Ранташа, облагородена со текстуалните варијации на Александар Прокопиев.
Книгата се состои од портрети на педесетина македонски џез-музичари, претставени преку објективот на Татјана Ранташа, професионална фотографка што ги бележи сите позначајни музички настани во нашиот град. Оваа збирка фотографии е производ на долгогодишно следење и фотографирање концерти, клубови, проби и дружби со музичарите, еден цел живот испреплетен и облагороден од нашата музика.
– Фотографиите се медиум со кој Ранташа на гледачите им ја пренесува магијата на музиката, но во исто време се и документ за едно време, луѓе и настани од нашето блиско минато, а самата книга е своевиден печат и спомен на она што сме го поминувале и доживувале на нашата музичка сцена сите овие години.
Затоа ве повикуваме заедно да поминеме едно убаво, лабаво, дружељубиво (се надеваме сончево) утро на платото пред МКЦ – информираат организаторите.
За сето тоа да помине во уште поубава и разиграна атмосфера ќе се погрижат ЗЏМ-колективот и Ален Хаџи-Стефанов преку радиото „Џез ФМ“