Премиера на дипломската претстава „Шопинг енд факинг“, во режија на Шенај Мандак, ќе се одржи во Турскиот театар во Скопје, вечерва, во 20 часот. Во претставата играат: Метин Ибрахим, Стефанија Начевска, Селпин Керим, Ебру Мусли, Хакан Даци.
– Денешната цивилизација е добредојде за следните генерации, принудувајќи ги да прифатат одредена нормала, која таа ја обезбедува како погодна околност на постоењето. Но кога во таа навидум функционална и просперитетна нормала сведочевме на огромни катастрофи во изминативе години, сакавме да поверуваме дека можеби војната, болеста, социјалното ропство, консумеризмот, емотивниот и моралниот пад…можеби тие ќе бидат причина да се свртиме кон себе и да размислиме што правиме погрешно – се вели во најавата.
Претставата не се обидува да даде одговор или некакво решение за актуелните проблеми, туку ги поставува прашањата, верувајќи дека ќе успее да допре до гледачот и ќе поттикне разговор на овие теми.