Фото: Принтскрин

На 51 година почина Мирко Попов, еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика. Попов неколку дена беше хоспитализиран на скопскиот Клинички центар по мозочен удар.

Попов беше македонски диџеј и продуцент на електронска музика, кој со оваа професија се занимаваше уште од осумдесеттите години. Тој е основоположник на ПГМ Продукција, а има одиграно и во неколку театарски претстави и филмови.

Редовно настапуваше по кафулиња, дискотеки и фестивали, постојано снимаше и издаваше музика и неуморно промовираше млади музичари.