Македонската пијанистка Ана Велиновска ја воодушеви швајцарската публика со нејзиниот настап во Зудпол Луцерн, каде што изведе дело од македонскиот композитор Гоце Коларовски. На програмата беа и дела од композиторите Фредерик Ржевски и Дмитри Коурлиандски.
Настапот на Ана Велиновска беше испратен со долг аплауз од публиката во престижната концертна сала.
Ана Велиновска е една од најбараните пијанисти на најголемите и најреномирани фестивали во Европа за современа музика, со бројни светски премиери зад нејзиното име. Имено, пред изведбата на делото „Вечерен ѕвон“ од големиот македонски композитор Гоце Коларовски во Луцерн, пијанистката Ана Велиновска изведе и светска премиера со дело на еден од најеминентните швајцарски композитори, Урс-Петер Шнајдер, на фестивал во Берн.