Во галеријата на ЈУ Младински културен центар е поставена изложба на ликовниот уметник Драган Гелев, со наслов „Носталгија“.
Драган Гелев e роден во 1984 година во Штип. Со сликање се занимава од најраните училишни денови и продолжува до ден-денес да ја негува сликарската уметност. Автор е на повеќе од 200 авторски дела работени во различни техники. Неговата уметност припаѓа на модерниот експресионизам, апстрактната уметност и акциското сликарство.
Досега неговите дела се изложувани на групни изложби во Базел и во Цирих, Швајцарија, каде што живее и твори.
– Творештвото на Драган Гелев припаѓа на перформативното, односно акциско сликарство бидејќи самото платно е акциска плотна на која уметникот дејствува со брзи потези и интензивни бои, создавајќи метафора на човекова и уметничка слобода, што предизвикува различни асоцијации кај гледачот или обичниот набљудувач – пишува критичарката Маја Живановиќ.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 31 септември 2023 година и истата таа е од има хуманитарен карактер. Сите средства од продадените дела ќе ѝ бидат донирани на фондацијата „Д-р Симеон Василев“.