Издавачката куќа „Антолог“, во рамките на проектот „Храбри нови зборови, прекрасни нови светови“, ја објави книгата „Пирамидите на денот“ од литванската авторка Даина Ополскаите. Тринаесетте раскази од оваа книга се занимаваат со размислувањата за тоа што се менува со текот на времето во светот на протагонистите и на што му е судено вечно да трае. Се поставуваат прашања за човековото битие, љубовта, личната слобода, Бог и судбината, покрај кои животот на современиот човек се доживува како најголемо постигнување.
Расказите се пишувани во период од осумнаесет години, период во кој добија највисоки оцени од книжевната критика. „Решетки“ во 2018 година ја освојува „Нобеловата награда за литвански кратки раскази“, а расказот „Дојди преку мразот“ е награден со наградата „Јургис Кунчинас“. Во 2019 година „Пирамидите на денот“ ја добива престижната награда за литература на Европската Унија.
Даина Ополскаите (1979) е литванска писателка. Уште за својата прва книга ја добила наградата на Литванското друштво на писатели. Даина е позната како авторка на наградувани книги за млади. Преводот е на Душко Крстевски, а графичкото уредување е на Марко Трпески.