„Сенката на Караваџо“ е новото биографско остварување со елементи на трилер, кој ја следи последната година од животот на Микеланџело Караваџо (1571 – 1610), еден од најбрилијантните сликари на своето време, но и бунтовник против црковните канони. Филмот е на италијанскиот режисер Микеле Плачидо, а продуцентка е Федерика Луна Винченти. Станува збор костимирана драма, ама направен е обид да биде современа по темата. Главните улоги во филмот, кој е италијанско-француска копродукција, ги играат Рикардо Скамарчио, Изабел Ипер и Луј Гарел.
Според сценариото, дејството се случува во 1610 година, кога папата Павле Петти, откако е известен дека Караваџо во својата работа прикажува проститутки, крадци и скитници, ѝ наредува на ватиканската тајна служба да спроведе истрага за уметникот. Папата треба да одлучи дали да го помилува Караваџо, бидејќи сликарот го побарал тоа откако бил осуден на смрт за убиство на љубовниот ривал. Истражувачот, познат као Сенка, започнува истрага во која ќе треба да ги открие пороците и доблестите на уметникот, чиј живот е во неговите раце.
Во филмот се поврзани прашањата околу фактографијата во претставување на темата и односот кон уметноста. Истражувачот инквизитор Сенка е метафора за сето она што го засенува талентот. За потребите на филмот се направени верни репродукции на 17 слики на Караваџо. Имало многу работа за да се добијат дозволи од разни музеи. Во проектот учествувале и шест сликари.
Што се однесува до сценографијата, требало време да се добијат дозволи да се снима на автентични локации, како тврдината Сент Анџело и Терма ди Кала.