Фото: Леон Брукс

Харвардскиот историчар Мајкл Мекорник и група научници направиле истражување за да утврдат која година е најлоша во историјата на човештвото. Врз основа на истражувањето заклучиле дека 536 година од нашата ера била најлошата година, а нивниот заклучок бил поткрепен од повеќе извори и откритија.
Византискиот историчар Прокопиј Кесариски запишал дека во 536 година, светлината на сонцето во текот на целата година била слабо, сонцето повеќе наликувало на месечината, односно надвор било постојано темно. Прокопиј не е единствениот што ја забележал оваа необична појава. Михаил Сириецот забележал дека сонцето станало темно и оваа темнина траела 18 месеци. Според овој византиски извор, дневната светлина траела четири часа, но дури и тогаш светлина била само бледа сенка. Многумина верувале дека сонцето никогаш повеќе нема да ја обнови својата светлина.
Истражувачите потврдија дека планетата Земја била покриена со густи облаци во текот на целата година, кои настанале како резултат на масовна вулканска ерупција на американскиот континент, предизвикувајќи промена на климата. Кратките сончеви часови се одразиле врз родот и квалитетот на земјоделските култури, со што се намалила храната за населението во светски рамки. Научниците веруваат дека слабата исхрана го ослабела имунитетот на населението, со што се создале услови за ширење на т.н. Јустинијанова чума, која имала уништувачки ефект врз населението. Болеста најпрво се појавила меѓу сиромашните, но набргу пристигнала и на византискиот двор. Се верува дека како последица на оваа чума починале околу 50 милиони луѓе.