Премиерата на претставата „Малиџано“ во режија на Софија Ристевска, работена по текстот на Билјана Крајчевска, ќе се одржи на 21 март во Народниот театар Битола.
– Во оваа епоха на тотална дехуманизација на личноста, кога капиталот е пред се̍, дури и оваа ненормална војна се води поради капитал и кој повеќе ќе владее со основните ресурси за живот, човекот е тотално дехуманизиран, личноста ја нема, не постои затоа во моите претстави човекот е пред се̍. Хуманиот белег во ова лудо живеење да остане колку што може посилен. Човекот е важен – рече режисерката Софија Ристевска.
– Се додека во светот има луѓе што умираат, се водат војни и има театри што замираат, ние сме должни како колеги да ги раскажуваме нашите приказни колку што можеме погласно во чест и поткрепа на луѓето кои во овој момент не можат да ја практикуваат својата професија поради војна – рече режисерката Ристевска на денешната прес- конференција по повод новата премиера на Народниот тетатар од Битола.
Во ова апретстава играат актерите: Маја Андоновска Илијевски, Никола Пројчевски, Катерина Аневска Дранговска, Соња Ошавкова, Никола Стефанов, Анастасиа Христовска, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски.

М.М.