По повод третиот роденден на „Култура бета“, отворен е конкурс за љубовна и еротска поезија. Избраните песни ќе бидат претставени на настанот на 11 февруари, а потоа ќе бидат и објавени на нивните онлајн платформи.
– Секој автор може да испрати до три песни. Нема ограничувања во однос на формата и на должината на песните, но важно е тие да припаѓаат во жанрот на љубовната и еротската поезија. Рокот за апликации е до 5 февруари 2023 г., а избраните песни ќе бидат претставени на 11 февруари, во кафе-книжарницата „Буква“, во рамките на поголемиот настан што го организираме по повод третиот роденден на нашата неформална организација за креативно и културно изразување на младите – велат од здружението.
„Култура бета“ е младинско здружение за креативно и културно изразување, неформална организација за сите млади што имаат идеи за развој на културата надвор од културните институции.