Првата фестивалска вечер на јубилејното, 30-то издание на „Охрид фест“ е зад нас. Синоќа на отворената сцена Долни Сарај под Самоиловите тврдини прозвучеа 19 фолк песни, во кои се пееше за Охрид, за рибарите, за наследниците на Самуила, за Кузман Поп Стефанија, како и за Долни Сарај, но секако и за вечната инспирација љубовта. Стилски имаше од се по нешто, балади, песни во стилот на староградските, побрзи фолк рефрени, па и оние што влечат кон поп музиката, но заедничко на сите им беше што беа квалитетни и со интерпретација и визуелна изведба што му доликува на ова роденденско издание на фестивалот.
Првото место од публиката сосема заслужено и припадна на песната „Носиме на Долни Сарај“ во изведба на Катерина Танева и групата „Сарај“, втори се Наум Петрески и Лилијана Семкова кои маестрално ја исполнија мелодијата „Посилни од се“, а третонаграден е ветеранот Перо Христов кој впечатливо ја изведе песната „Добри луѓе“.
Првонагарден од жирито е Душко Георгиевски, кој шармантно ја исполни „Златна риба Струшка“. Втор беше Даце Николовски со „Ние љубов сме“,кој се посигурно чекори во солистички води, а третото место му припданана Мирко Вретоски за писната „Рибарска“, која ја доби и наградата з анјдобар аражман, што го направи Дамир Имери.
Најдобра е интерпретацијата на Зуица Лазова која на свој, специфичен начин ја изведе „Галебе“.
Најдобар дебитант е Марко Трпчевски кој пееше „За тебе нема замена“, а наградата „Аце Ангеловски“ од „Сенатор-Битола“ е за Ристе Наумовски за песната „Охриде Самуилов“, кој беше бурно нагарден од присутните. Најтрубадурска е „Песна за Кузман Поп Стефанија“ што ја исполни ансамбл „Биљана“, која секако ќе придонесе за зачувувањето на духот на стариот Охрид, а Ѓорѓи Калајџиев за „Лебедице бела“ што ја пееше Нино Величковски доби награда за најдобар текст.
Најдобар сценски настап имаше Јуле Николовска која ја интерпретираше „Жена кралица“, а наградата од акредитираните новинари и припадна на брачната двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски за песната „Љубов ни е име“.
Во ревијалниот дел настапи Сузана Спасовска, која доби награда за долгогодишно учество на „Охрид фест“. Водителка беше Ирена Спировска, која и овојпат пленеше со својот професионализам, но и со изгледот.
Фестивалот директно го пренесуваше МТВ.
Вечерва ќе ја проследиме Интернационалнтата вечер, со домашни пејачи и со гости од странство. М.Т.
Рекоа за фестивалот
Григор Копров, директор на фестивалот: Стресно беше и многу напорно да се издржи сите овие години.Но, јас така функционирам, во сите сфреи, како сега да почнувам. Имам порив да одам напред и никогаш не се вртам назад.
Перо Христов: На фестивалот сум настапил најмалку 10 пати и сум освоил пет-шест награди досега. Песната „Добри луѓе“ што ја пејам овојпат и за која добив награда ја напиша момче Македонче родено во Сараево, Мирко Шенковски. Многумина ми рекоа дека оваа песна ги допрела, што ми е навистина драго.
Зуица Лазова: Убаво се чувствувам на овој летен фестивал. И лани победив на „Охрид фест“, со песна од авторот по кого вечно ќе жалиме Милан Зафков со убав наслов „Ако одам во Охрид“. А „Галебе“ што ја пеам годинава е дело на Јован Василевски, кој стои зад музиката и аранжманот и Соња Дојчиновска, текстописец. Мелодијата влече накај поп музиката и малку поразлична од она што го пеев досега. Инаку, не треба ни да споменам дека Охрид и Струга ми се многу драги места и секогаш се радувам кога настапувам на оваа фестивалска сцена, особено кога и јас и Наум си одиме дома со награди.
Душко Георгиевски: Песната што ја исполнив има провокативен наслов „Златна риба струшка“, а се пее за една стара љубов. Не планирав толку активно да пејам на фестивали годинава, но не можев да не го прифатам овој музички предизвик. Музика и аражманот се на Горан Милошевски музика, текст и аражман на Јовица. Не сакам да бидам нескромен, ама уште кога првпат ја слушнав се некако ми мирисаше на победа.
Даце Николовски: Оваа година на „Охрид фест“, за разлика од лани кога настапив со „Академци“ сум соло со песна која е дело на Дарко Илиевски (музика и аражман), а текстот е на Огнен Неделковски. Драго ми е што сум дел од ова јубилејно фестивалско издание и чест што сум во друштво на толку големи имиња и добри пејачи. Инаку, „Ние љубов сме“ е втората песна што ја релизирам, која ќе се најде на првиот мој самостоен албум.
Павле Витанов: „Пукни песно“, за која Цане Петров ја напиша музиката и го направи аранжманот, а тесктот е на О. Неделковски е во брз ритам и звучи весело и радосно, и искрено се надевам дека ќе и се допадне на публиката, а јас со големо задоволство ќе ја изведам на оваа прекрасна сцена.
Ѓорѓи Калајџиев: Јас одамна не сум бил на „Охрид фест“ и вечерва, искрен да бидам, ми беше студено, но песните што ги слушнав ми ги стоплија и душата и срцето. Чест ми е што сум и меѓу наградените на ова роденденско фестивалско издание . Ја добив наградата за најдобар текст за песната ,,Бела лебедице” (м. Григор Копров, т. Ѓорги Калајџиев, ар. Цане Петров) во исполнение на Нино Величковски.
Татјана Лазаревска и Новица Василевски: Голема благодарност до вас новинарите кои ни ја доделивте наградата за дуетската песна „Љубов ни е име“. Оваа фестивалска амосфреа несоммнено ни недостасува во Австралија. Инаку, на Новица ова му е прво доаѓање и се чувствувама феноменално вечерва, особено поради тоа што со нашиот настап направивме убав штимунг. Оваа сцена асоцира на нашите почетоци, бидејќи „Свири садило“, на групата
„Биоритам“ која победи на првите фестивалски изданија, се уште живее и се пее.
Македонската песна е жива и тука и во Австралија, каде се преселивме, но се уште активно настапуваме меѓу нашинците. А магијата на Охрид ќе ја чувствуваме уште неколку дена бидејќи тука ќе снимимие два спота. М.Т.