Фото: З.А.

Под работен наслов „Релација“, во уметничкиот салон од Домот на културата во Македонски Брод беше отворена изложба на фотографии создадени од Игор Танески и Александра Костадиноска од Скопје. Изложбата содржи 15 фотографии во голем формат, а во Македонски Брод е отстапена од страна на Музејот на град Скопје.

– Во соработка со Музејот на град Скопје, во ликовниот салон од Домот на културата беше отворена изложба на фотографии со работен наслов „Релација“, создадена од тандемот Игор Танески и Александра Костадиноска. Оваа изложба ја сочинуваат 15 фотографии од голем формат 80Х60, а во нашиот град ќе биде отворена во текот на претстојната седмица. Изразуваме голема благодарност до Музејот на град Скопје, што ни овозможи оваа изложба да ја видат и љубителите на уметноста од Македонски Брод – истакна директорката на Домот на културата, Милена Стојческа.

Таа посочи дека за тековната година од страна на Министерството за култура поддржани се три проекти.

– Од Министерството за култура на Македонија за културни дејности во нашиот Дом на култура за годинава обезбедени се 250.000 денари за три проекти. Со по 100.000 денари подржани се културниот настан „Велигденски кули“ што се одржува на вториот ден ос Велигден, со исто толку средства финансиски е поддржан и годишниот коцерт на КУД „7 Септември“ од Македонски Брод и 50.000 денари за збогатување на книжниот фонд во нашата библиотека – додаде Стојческа и нагласи дека за годинава износот на средства е речиси преполовен, споредено со претходната година. З.А.