Излезе новиот роман на Живко Грозданоски

Од печат излезе новиот роман на Живко Грозданоски, насловен „Писмо за Глорија“, како 216. издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-или“.
– По успешната прва соработка на „Куфер за тројца“, книга што беше финалист за „Роман на годината“, продолжуваме со поддршката и издавањето на новиот ракопис на еден од најталентираните автори на новата генерација македонски писатели – вели издавачот.
Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.