Денес е четврти ден од 58. МТФ „Војдан Чернодрински“во Прилеп. Во официјална
конкуренција од 19.30 часот во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Дупло дно“ од Битолскиот театар, во режија на Ќендрим Ријани, во која играат Соња Ошавкова, Валентина Грамосли, Елена Моше, Илина Чоревска, Викторија Степановска –
Јанкуловска, Маја Андоновска – Илијевски, Марија Стефановска, Сандра Грибовска
Илиевска, Анастазиа Христовска, Иван Јерчиќ, Петар Спировски, Мартин Мирчевски,
Александар Димитровски, Никола Пројчевски, Александар Стефановски и Никола
Стефанов.

Од 22 часот на сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ ќе биде изведена
„Домот на куклата“ во продукција на Турскиот театар од Скопје. Улогите ги толкуваат:
Сузан Акбелге, Селпин Керим, Фунда Ибрахим и Емине Халил.

Во рамките на придружната програма на полноќ во кафе-бар „Тротоар“ ќе биде
изведена „Поол“ во режија на Шенај Мандак.

И денес продолжуваат придружните програми – во 11 часот во фоајето на Центарот
за култура ќе се одржи промоција на наградените драми од „Еуродрам“. Точно на пладне почнуваат разговорите на тркалезната маса, овојпат за претставата „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски, на Струмичкиот театар. Ка.М.