Фото: Министерство за култура

По повод Светскиот ден на културното наследство – 18 Април ќе има бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ државата, објави денеска на Фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Според неа, македонската култура и уметност е богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува.

– Дојдете, посетете и истражете на 18 април – напиша Костадиновска – Стојчевска.