Свеченото затворање на „Танц-фест“, со изведба на „Секвенци – Минато/Сегашност/Иднина“, ќе се одржи вечерва, во 20 часот, во Македонскиот народен театар.

„Секвенци“ е приказ на идејата за физичкото тело, поставено во различни временски рамки. Преку интерактивна соработка со танчарите, создадовме слики за минатото, денешнината и иднината. Кореографијата е на Рисима Рисимкин, музиката на Тони Китановски, костимите на Бинг Шјиангзи, а продуцент е ЗЈЦМ; Ханџо, Кина. Во „Секвенци“ настапуваат: Јунмин Хуанг, Шјиао Чен, Сихиу Њанг, Хаовеј Хуанг, Ке Зуо, Вангинг ВУ, Ѕанг Занг, Шјиаокинг Ли, Шјиаолинг Ѕанг, Ченгјанг Танг, Шјиоје Чен, Јаји Ченг, Тијанки Лан, Менџинг Хе. Билетите се продаваат на билетарницата на МНТ.