Претставата „Странци“ на Драмски театар ќе учествува на меѓународниот фестивал „РУТА“ (Регионална унија на театри) во Подгорица. Фестивалот има за цел поврзување на шест репрезентативни куќи од поранешниот сојуз во естетска, репертоарска, но и организациона смисла.

„РУТА“ е составена од: МГЛ Љубљана, Словенија, Театарот Улисис, Загреб, Хрватска, Камерен театар 55, Сараево, Босна и Херцеговина, Градски театар Подгорица, Црна Гора, Драмски театар Скопје, Македонија, и Белградско драмско позориште, Србија.

Претставата „Странци“, со која ќе настапи Драмски театар е во режија на Нела Витошевиќ, а учествуваат актерите: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург на претставата е Викторија Рангелова – Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа – Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.