Младиот пијанист Арда Мустафаоглу вечерва, петок од 19 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе одржи Пијано рецитал, на кој пред прилепската публика ќе се претстави со дела од Скарлати, Равел, Шуман и Прокофјев.

Ова е прв настап на талентираниот пијанист пред прилепчани, а тој доаѓа по неговите успешни концерти во Франција, Грција, Германија, Србија, Бугарија и Турција и освојувањето на награди на пијанистички натпревари.

Шеснаесетгодишниот Мустафаоглу е добитник на многу први награди на пијанистички натпревари во Италија, Турција, Србија, Бугарија, Германија, Белгија, Албанија, Македонија и Грција, а настапува и со Македонската филхармонија.

K.M.