Националната опера и балет вечерва, со почеток во 20 часот, ќе го одржи балетскиот концерт насловен „Балетски бисери“, кој ќе ги опфати најубавите балетски дела, „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн. Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата на ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.