Денеска во 19 часот во Порта Македонија, ќе биде отворена изложбата „Вибрации“ на Галерија’73, Белград, Србија.

Изложбата содржи дела во масло на платно и комбинирана техника на авторите Ирина Черњавски Шантриќ и Саво Рупиќ.

Во присуство на авторите, на отворањето на изложбата ќе се обратат директорките на НУ Музеј на македонската борба – Скопје и Галерија’73, Даниела Николова и Мирела Пудар, а изложбата свечено ќе ја отвори амбасадорката на Србија во Скопје, Н.Е. Душанка Дивјак Томиќ.

Ирина Черњавски Шантриќ и Саво Рупиќ се истакнати претставници на современата ликовна сцена од регионот со голем број самостојни и групни изложби.

Македонската изложба е продолжување на соработката на Музејот на македонската борба со Галерија’73 од Белград, а публиката ќе има можност да ја види до 8 март во галерискиот простор на Порта Македонија.