Плодниот прилепски автор Петар Петрески ја започна 2020 година со нова книга. „Експозив во крвта“ е новата поетска творба на Петрески, во која тој пренесува љубовни и рефлексивни стихови со доза хумор. Тој во збирката пее за „Чудата на ноќта“, за „Некои луѓе“, за „Бела магла“, за „Случајни насмевки“, за „Таму“, за „Онаму“…
Петрески е автор на збирките „Песни за темнината“ и „Неморални бои“, на расказите „Чудесниот број три“ на романите „Светицата и разбирачот“ и „Безимениот“, како и на драмите „Трета мајка“, „Песијазол“ и на монодрамата „Јас Илија Димоски Шаторо“ наградена на фестивалот на монодрмамата во Корча.
Авторот се занимава и со публицистика, а еден период беше и главен и одговорен уредник на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“. Неговото творештво е преведувано на бугарски и на хрватски јазик.